Претставниците на Русија и Украина успеаја да ги надминат пречките за иницијатива која ќе им служи на заедничките интереси на целиот свет, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Истанбул на церемонијата на потпишување на договорот за извоз на украинско жито.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по потпишувањето на договорот за извоз на украинско жито во Истанбул, објави дека Украина располага со жито во вредност од 10 милијарди долари за продажба.
„Тоа е уште еден показател дека Украина може да издржи војна“, рече Зеленски во вечерното обраќање, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека и Украина има шанса да ја продаде сегашната реколта.