Додека во Велика Британија се размислува за целосно укинување на изолацијата за ковид во Грција невакцинираните постари лица од вчера се соочуваат со парични казни соопштуваат локалните медиуми.

Како што објави локалниот весни “Катимерини”„Казната ќе биде 50 евра за јануари и 100 евра од февруари со цел да се зголеми нивото на вакцинација и да се намали притисокот врз здравствениот систем“

„Деведесет проценти од луѓето над 60 години се вакцинирани или закажале термин за вакцинација откако беше најавена казната“, се додава.

Сепак, се проценува дека 300.000 лица би можеле да се соочат со казна.

Во земјата, медицинските работници кои не примиле вакцина против Ковид-19 веќе се суспендирани и се соочуваат со можност да бидат отпуштени ако не ги почитуваат правилата за вакцинација.

Некои владини претставници се залагаат за проширување на задолжителната вакцинација за лицата на возраст од 50 до 59 години, но таква одлука сè уште не е донесена.

Билансот на починати од Ковид-19 во земјата е речиси 22.000.

By Author