На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за МИА извори од МВР.
Тие потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат за по нејзиното завршување.
Истите извори наведуваат дека ова е една од низата акции што деновиве ги спроведува полицијата за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.