Дали конечно може да се реши едно од најпознатите ривалства во светот на рок музиката, барем кога станува збор за продажбата на инструментот, ќе се види на аукцијата на која ќе бидат понудени гитарите на Битлси и Ролинг Стоунс.
Гитарата со видеото на кое Кит Ричардс го потпишува својот Gibson ES-335 би требало да достигне поголема сума од потпишаната бас гитара на Пол Макартни кога ќе се најдат на аукција во Беверли Хилс, јавуваат американските медиуми.
„Истата стара приказна „Битлси или Стоунс?“, „Чиј обожавател си?…“ продолжува, овој пат преку инструменти, вели Мартин Нолан, извршен директор на Julien’s Auctions.
„Мислам дека Кит Ричардс ќе победи овде“, предвидува Нолан.
Онлајн аукцијата ќе се одржи на 30 јануари во Лос Анџелес за добротворни цели за организацијата MusiCares, која нуди здравствена заштита и закрепнување на членовите на музичката заедница.