Кинеското Министерство за надворешни работи побара од САД да ги обелоденат сите информации во врска со биолабораториите во Украина, пренесуваат аналитичките портали.

Жао Лиџијан, портпарол на одделот за надворешна политика на Кина, реагираше на соопштението на руското Министерство за одбрана дека има докази за воено-биолошка програма развиена во Украина и финансирана од САД.

Уште еднаш ја повикуваме американската страна да ја разјасни својата активност по прашањето за биолошката милитаризација во земјата и во странство – изјави Жао.

Тој истакна дека тоа е „само врвот на ледениот брег“ бидејќи, според Пекинг, Америка контролира 335 биолошки лаборатории во 30 земји низ светот.

– Со својата политика на проширување на НАТО на исток, САД фрлија огромно дрво во огнот на украинската криза – изјави Жао на брифингот.

Тој го нагласи кинескиот став дека безбедноста на едната страна не може да се обезбеди на сметка на безбедноста на другите земји, а регионалната безбедност не може да се обезбеди на сметка на проширувањето на воените блокови.

By Author