Илјадници луѓе се собраа вчера во Брисел по повод „националниот ден на акција“ и протестираа против високите цени на струјата, гасот и храната во Белгија.

Синдикатите и полицијата соопштија дека учествувале околу 10.000 луѓе, а сообраќајот и јавниот превоз бил во прекин.

Граѓаните од целата земја беа тука и маршираа со транспаренти „Животот е прескап, сакаме решенија сега“ и „Сè расте освен нашите плати“. На еден транспарент пишуваше: „Замрзнете ги цените, а не луѓето“.

Според истражувањето спроведено од една белгиска медиумска компанија, 64 отсто од граѓаните се загрижени дека нема да можат да ги платат сметките за струја и гас, кои во изминатата година се зголемени за повеќе од двојно.

Осумдесет проценти од учесниците рекоа дека веќе се обидуваат да ја намалат потрошувачката на енергија и вода.

– Кога одиме да пазаруваме, се што е во кошницата чини 20-30 евра повеќе и се зависи од тоа во која продавница одите. Доаѓаме до точка во која нема да можат да издржат нашите паричници – изјави Паскал Краесо, демонстрант од Брисел.

Премиерот Александре де Кроа минатиот месец предупреди дека „следните пет до десет зими ќе бидат тешки“ поради високите цени на струјата и гасот поради конфликтот во Украина.

By Author