Кендал го докажа она непишано правило се е добро колку што знаеш да го изнесеш,ги оживеа старите креации на дизајнерското дуо.
Цел свет зборува за гламурозната венчавка на Кортни Кардашијан и Тревис Бејкер која со денови трае во Портофино.
Целото семејство носи само облека од Долче и Габана, а најдобро обучена членка на Кардашијан е секако манекенката Кендал Џенер.
Таа донесе неколку винтиџ комбинации на D&G, кои изгледаат многу подобро од нивните сегашни колекции.
Првиот ден ја почитуваше „готската“ естетика на младенците, па облече црн корсет фустан со проѕирно здолниште, од колекцијата за пролет/лето 1995 година. Црвениот крст дополнително го зачини вамп изгледот.
За возењето со јахта, Кендал блесна во најдобрата свадбена облека – комплет D&G од колекцијата пролет/лето 1997 година.
Црвениот кармин и малата чанта The Row одлично се вклопуваат со прекрасниот цветен дизајн.
За самата свадбена церемонија Кендал избра фустан од 1998 година, во тонови на праска и со цветни мотиви.
Сепак, не и било лесно да прошета во овој фустан, но што би рекле нашите постари – трај бабо за гиздос.