Турските безбедносни сили денеска во Истанбул уапсија 13 лица, осомничени за поврзаност со терористичката организација ИСИС, јавува Анадолија.
Утринава припадници на истанбулската полиција од Одделот за борба против тероризам извршија претреси на неколку адреси откако дознаа дека на подрачјето на градот има лица поврзани со ИСИС и дека подготвуваат терористички напади.
Извршени се претреси во девет општини во Истанбул на вкупно 11 адреси, а 13 осомничени се уапсени.
При претресот се одземени значителни количини документи и дигитален материјал.