Точно пред 28 години во 10.16 часот земјата во Мостар се тресела од експлозии, а населението во неверување гледало како еден од најпрепознатливите симболи на градот и не само негов туку на цела Босна и Херцеговина Стариот мост на Неретва го снемува.Во тогашнит судир во рамките на бивша Југославиј мостот е срушен од гранатите на Хрватскиот совет на одбрана (ХВО).Експлозиите направиле, да реката го проголта мостот во делови,а снимката од неговите последни моменти во зиво ги пренесувал CNN. Снимките го обиколиле светот,а јавноста останала згрозена.
Изградбата на мостот е започната во средината на 16 век во Османлиското царство по наредба на султанот Сулејман Величенствениот. Полниот сјај го доживува во 1566 година кога е завршен, дури 427 години тој е украс на градот и архитектонско чудо – еден од ретките мостови со полукружен лак. Бил висок 29 метри,а во конструкцијата на сводот вградени 456 парчиња камен со различна големина.Од двете страни на мостот се наоѓале кули од кај што стражарите наплаќале мостарина.
За рушењето на мостот никој не одговарал, Хашкиот трибунал донел одлука дека сепак се работело за леѓитимна цел.
Долго не се чекало за обновување на мостот на 29 септември 1997 година од Неретва е изваден првиот камен од стариот мост, 158 дела се извадени за околу два месеца. Обновата на мостот траела скоро седумгодини под строг надор на Унеско. ВО 2005 година Унеско Стариот мостот како симбол на Босна и Херцеговина го става на листата на заштитени споменици на културата.
“Мостар одсекогаш бил дом на мултиетничко население,а мостот е составен дел од нивниот живот. Он е симбол на плуаризмот на овој град” се наведува од Unesko.
Стариот мост не бил симбол само на Мостар и на Херцеговина туку и на целата бивша држава, за која многу од повозрасните ѓенерации сеуште жалат, жалат за распаѓањето на Југославија.