Владата на синоќешната седница донесе заклучоци во врска со одбележувањето на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, го изигнорира барањето на председателот – а од другата страна Џамбаски повторно со провокации.

Задолжено е Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно со препораките од надлежните служби соопштени на вчерашната седница на Советот за безбедност.

Делегацијата, којашто во име на Владата ќе присуствува во црквата Свети Спас во Скопје и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе биде составена од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, соопштија од Владата.

На седницата Владата не расправаше за барањето на претседателот Пендаровски еврпратеникот Ангел Џамбаски да се прогласи за персона „нон грата“.

Џамбаски веќе најави дека на 4-ти февруари ќе биде во Македонија пред гробот на Гоце Делчев и  го прозва претседателот Стево Пендаровски.

„Пендаровски, познат како Стево Коминтерната, рече дека ќе ми забрани да се поклонам пред саркофагот на Бугаринот Гоце Делчев?! Не можам да одбијам толку убава покана. Стево, те чекам да дојдеш!“, напиша Џамбаски.

Џамбаски во минатиот период пишуваше дека Македонија е Бугарија, дека не постои како држава, но и дека Македонија е измислица на Тито.

By Author