Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден само на територијата на град Скопје евидентирало вкупно 140 прекршоци, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78.
Како што информираат од МВР воедно 11 санкции биле за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила и една за недавање првенство на минување на пешаци, исто така, изречени се 14 санкции за користење мобилен телефон и 17 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од министерството.