Некои треба малку да се одморат, додека на други им се нассмевнува неочекувана среќа.

ОВЕН
Овој викенд ќе направите пресек на вашиот деловен и емотивен живот. Кога ќе го направите ова и ќе ги поставите работите на свое место, почнуваат позитивни промени.

БИК
Сфативте дека тврдоглавоста никаде нема да ве однесе. Полека ги сфаќате своите грешки и подготвени сте на компромис. Добар период за вас започнува од викендот.

БЛИЗНАЦИ
Видовте грешки во работата и сега правите корекции за викендот. Се случува и да си лут на себе затоа што не си искористил некои прилики. Почетокот на неделата ви носи поволни деловни можности.

РАК
Викендот пред вас ќе биде во знакот на љубовта, односно партнерските односи. Подгответе се за пријатни изненадувања. Односите во семејството може да се поправат, но треба да комуницирате.

ЛАВ
Ќе имате можност да ги решите работите кои ве загрижуваат. Нема да биде лесно, но потоа ќе можете да живеете неоптоварени. Викендот посветете го на вашето ментално здравје.

ДЕВИЦА
Слободните Девици ќе имаат многу страстен додворувач. Тој јасно ќе покаже што сака од вас. Можеби е во ред да ги пребродите своите принципи и можеби за прв пат во животот целосно да се опуштите.

ВАГА
Бидете подготвени да имате искрен и длабок разговор со партнерот. Слободните Ваги за викендот можат да сретнат голема љубов од минатото.

ШКОРПИЈА
Ако се потрудите, можете да си го уредите животот по ваш вкус. За викенд, изолирајте се и полека почнете да го „поправате“ животот.

СТРЕЛЕЦ
Дружењето со пријателите е загарантирано за викендот. Ваше е да се согласите!

ЈАРЕЦ
Загрижени сте за љубовниот живот. Вашиот партнер станува нервозен и вие го чувствувате неговото незадоволство. Само искрен разговор може да ја реши ситуацијата.

ВОДОЛИЈА
Имате добра енергија овој викенд. И покрај купот обврски, решивте да уживате и да одвоите време за себе.

РИБИ
Добро би било викендов да го организирате на начин кој вам ви одговара. Не одете против себе. Правете го само она што ве прави среќни. На пријател очајно му треба ваш совет. Најдете време за него.

By Author