Руската репрезентација синоќа освои златен медал во екипна конкуренција во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Натпреварот го одбележа 15-годишната Камила Валиева, која стана првата лизгачка во историјата која изведе целосен четирискок во олимпиското натпреварување.
Таа направи два четворократни скока, го испроба и третиот, но падна.
Настапот на Валиева на „Болеро“ на Равел беше награден со 178,92 поени, што е нешто повеќе од шест поени помалку од нејзиниот светски рекорд.
Сребрениот медал го освои селекцијата на Соединетите Американски Држави, додека на последното скалило од победничкиот подиум се искачи селекцијата на Јапонија.