Ханука е еврејскиот празник на светлината, тој е познат и како празник на свеќите.
Ханука се слави во спомен на тригодишната ослободителна војна, односно ослободувањето на Ерусалим во 165 п.н.е., кога „светилката повторно се запали, а идолите беа исфрлени од Храмот“.
Ханука или Хаг Хаурим, еврејскиот празник на слободата и светлината, почнува вечерва на зајдисонце, а ќе трае до 26 декември.
Церемонијата трае осум дена и за тоа време во еврејските семејства се палат осум свеќи на свеќник со осум гранки. Палењето свеќи означува борба што Евреите ја започнале против грчката цивилизација во вториот век п.н.е.
Грците виделе дека Евреите црпеле сила од нивното учење од Тора и го забраниле изучувањето на Тора, да држат Шабат и обрежувањето и ја вовеле Статуата на богот Зевс, која била целосна антитеза на политеизмот од тоа време. Грците се обиделе да ги асимилираат, но не успеале.
Еврејскиот отпор бил мал и неподготвен, но тоа не ги спречило да ги победат Грците, водејќи тајна борба. Моќта на Антиох била соборена, а Евреите докажале дека верата и цврстината се поважни од бројот на војниците. Но, за време на тековниот конфликт, повеќето од нивните светилишта беа осквернавени и уништени.
По победата, Евреите се искачиле на гората на храмот за да го исчистат и осветат осквернетиот ерусалимски храм. Но, во него имало само еден мал ќуп „чисто“ масло за светилки. Толку мало количество масло ќе беше доволно само за еден ден, но се случи чудо – светилката гореше осум дена. За тоа време верниците го исчистија Храмот и приготвија ново масло.
Од тогаш се слави празникот. Осум дена се палат свеќи, првиот ден се пали по една свеќа, и секој ден по една свеќа. Причината е што во светоста секогаш се искачуваме и никогаш не се спуштаме. Суштината е дека Малиот пламен може да се запали во времето кога мислите дека ве обзеде целосна темнина.
Ова е радосен празник кога децата секојдневно добиваат по некој мал подарок. Според обичајот за овој празник е да се јаде нешто направено со масло – крофни или латки, јадење со компир.