Вечерва во цела држава ќе горат коледарските огнови, како најава за Бадник и големиот празник Рождество Христово – Божик.
Собирањето околу огновите ќе биде збогатено со маалски дружења со греана ракија и вино, колбаси на жар, со македонски песни со желби за здравје и берикет.Тука не важи постот кој трае се до Божиќ, бидејќи луѓето не сакаат да се откажат од овие обичаи.
Секоја година, без исклучок, пред Божикните празници, се распалува дебатата околу коледарските огнови. Свештенослужителите велат тоа е пагански обичај, а ревносните коледари, на кои огнот, ракијата и колбасите им се најголема светиња, започнуваат со рафали против цела Црква.