Уште еден ден да се опремат возачите со зимска опрема. Зимската опрема задолжителна е да се носи од15 ноември до 15 март. Во зимска опрема спаѓа зимски пневматици со шара од 4 милиметри,или доколку поседувате летни пневматици шарата треба да биде повторно со 4 милиметр длабочина само ако во возилото има сиџири за снег со адекватна големина за погонските тркала.
Автобусите и друѓите товарни возила кои поради технички причини не можат да постават сиџири,треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала.
Како прирачен алат се смета лопатата.
Зимски пневматици се они кои на својата бочна страна имаат ознака MS,M+S, M&S и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.