Дождот денес не ги спреч Македонците повторно да излезат масовно на улиците на протест против предлогот од Париз
Пред да се упатат кон Собранието, демонстрантите го нападнаа МНР со јајца, тоалетна хартија, а пред влезот од МНР можеше да се види и запалена бакла и искршено стакло од вратата.
По пат од Министерството за надворешни работи кон Собранието на Република Македонија, демонстрантите кои носеа транспарент Бугар Османи, истото и го скандираа. Можеше да се слушне “Бујар, Бугар”. “оставка”, и “АСНОМ живее”.