Ова е јасно предупредување до администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден во врска со вооружувањето на Тајван, оценуваат експертите за кинескиот медиум „Глобал тајмс“.
Островот Гуам служи како база за американските авиони и подморници и е од клучно значење за способноста на Америка да ја проектира својата воена моќ во регионот.
Според набљудувачите, ова е првпат кинескиот носач на авиони „Лиаонинг“ да дојде толку блиску до островот Гуам.
Неодамнешното пловење на кинескиот носач на авиони „докажа дека тој е подготвен да ја брани својата земја од можни напади што САД би можел од таму да ѓи започне, вклучително и обидите на САД да интервенираат воено во однос на прашањето за Тајван“, оценуваат кинеските аналитичари за медиум близок до кинеската комунистичка партија.
Одговор на американската „ескалација“
Веќе заладените односи меѓу Вашингтон и Пекинг беа дополнително затегнати откако Бајден минатиот петок потпиша рекорден воен буџет за фискалната 2023 година, најголем од Втората светска војна.
Меѓу другото, буџетот вклучува 800 милиони долари за помош на Украина во сферата на обезбедување безбедност и 6 милијарди долари за задржување на Русија во Европа, 11,5 милијарди долари за одбранбено задржување во азиско-пацифичкиот регион и дури 10 милијарди долари за воена помош за Тајван.
Ова е првпат Вашингтон да одлучи да финансира оружје за Тајван, како што наведува „Глобал тајмс“.
Додека носачот на авиони Лиаонинг пловел во близина на Гуам, командата на Источниот округ на Народноослободителната војска во неделата спроведе вежби на море и во воздушниот простор во близина на Тајван, како што велат кинеските медиуми, како силен одговор на Бајденовото потпишување на рекорден воен буџет, што за Пекинг е ескалација на прашањето на Тајван.
– Кина никогаш нема да ги нападне американските воени бази на Гуам се додека американската војска не ја напаѓа Кина или не интервенира во прашањето на Тајван, но поседувањето таква моќ е одвраќање од можни американски провокации – оценуваат кинески експерти за „Глобал тајмс“.
(RT)