Американската новинска агенција Блумберг на својата веб-страница ја објави веста со наслов „Русија ја нападна Украина“, а потоа призна дека е грешка и ја повлече веста.
„Подготвуваме наслови за различни сценарија и еден од тие наслови ненамерно е објавен околу 16.00 часот по локално време (околу 22.00 часот по средноевропско време) на нашата веб-страница. Длабоко жалиме за грешката“, објави агенцијата Блумберг.
Редакцијата навела дека се истражува причината за оваа грешка, јави руската агенција ТАС С.