Силвио Берлускони, поранешниот италијански премиер околу кого вратеа сексуални скандали и бројни обвинувањата за корупција, почина на 87-годишна возраст. Како што јавуваат италијанските медиуми тој починал во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано. За јавноста е познато дека тој во април се лекуваше од белодробна инфекција поврзана со претходно неоткриен случај на хронична леукемија. Неговите посети и терапии во оваа миланска болница започнаа пред неколку години. Освежен по терапијата пред три години објави дека го наминал најопасниот предизвик во неговиот живот.
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ќе биде погребан со државни почести, а опелото ќе биде одржано во миланската катедрала во среда во 14 часот, изјави денеска портпаролот на Католичката црква во Милано, пренесе Ројтерс.
Според агенцијата АНСА, неговото тело ќе биде префрлено во неговата вила Сан Мартино во Аркоро, северно од Милано, велат изворите.
Берлускони почина денеска во миланската болница „Сан Рафаеле“ на 87-годишна возраст, откако пред три дена беше хоспитализиран на однапред закажан преглед поврзан со хронична леукемија.