Германскиот фудбалер и сопруг на поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ, одлучи да купи луксузен стан во Белград за својата сакана за петгодишнината од бракот.
Бастијан и Ана ќе одбележат половина декада брак на 12 јули, па внимателниот Германец реши да и подготви прекрасно изненадување за малиот јубилеј – тој ќе и купи стан во најелитниот дел на Белград.
Популарниот Швајни им даде овластување на агентите за недвижнини да изберат стан во негово име на моментално најбараната локација – Белград на вода.
Неговата желба е станот да биде двострано ориентиран и погледот да биде кон целиот главен град. Неговата желба е станот да има околу сто квадратни метри, а ако земеме предвид дека метар квадратен е околу 6.000 евра, лесно е да се пресмета дека фудбалерот ќе потроши 600.000 евра за подарок за женаму.
Инаку, Ана и Швајни живеат две години во австрискиот град Вестендорф со 3.700 жители, во подножјето на Алпите. Двојката го купила имотот уште во 2018 година, со желба нивните синови Лука и Леон да бидат поблиску до нивните баби и дедовци, а тие двајца со своите пријатели. Родителите на Швајнштајгер живеат само еден час од Вестендорф, а не е далеку ниту Белград.