Се ПОЈАСНО Станува дека Русија не била вклучена во истрелувањето ракети кон Полска, изјави првиот заменик на постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.
– Фактите се клучни и има се повеќе докази кои го покажуваат тоа, немало руско учество во истрелувањето ракети кон Полска – објави синоќа рускиот дипломат на својот Телеграм канал, пренесува ТАС С.
Прелиминарните проценки сугерираат дека украинските сили го испукале проектилот од кој загинаа две лица во Полска и дека проектилот бил истрелан од украинската противвоздушна одбрана, изјавија денеска тројца неименувани американски официјални лица, цитирани од АП.
Според една од нив, проектилот завршил во Полска, откако бил истрелан врз бараж руски ракети при напад на украинската енергетска инфраструктура.
Официјалните лица зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи не беа овластени јавно да разговараат за ова прашање.
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ракетата во која загинаа две лица во Полска најверојатно не била истрелана од Русија.
Бајден го изјави ова по разговорите со западните лидери поради загриженоста дека конфликтот во Украина може да се прелее и во соседните земји, според Ројтерс.
НАТО и САД го истражуваат инцидентот.
Руското Министерство за одбрана претходно негираше дека руски ракети паднале на територијата на Полска.