Холивудската актерка Анџелина Џоли ненајавено ја посети Украина, каде што беше забележана во кафуле во западниот град Лавов.

Анџелина (46) привлече внимание кога се појави во незабележителна облека во кафуле, а Маја Пидородетска на Фејсбук објави видео од познатата актерка и режисерка.
Ништо посебно. Само Лавов. Само отидов да пијам кафе. Само Анџелина Џоли – напиша таа на украински.

Таа сподели видео од актерката на пултот во кафичот која кога ја забележала камерата се свртела и ја поздравила.
Маја на видеото додаде: „Украина е едноставно поддржана од целиот свет“.

На видеото се гледа и Анџелина како им дава автограми на своите фанови.

By Author