Пејачката Ана Николиќ за Нова година настапи во реалното шоу „Задруга“ и им создаде луда атмосфера на учесниците.
Откако испеа неколку песни, седна до Марко Ѓедовиќ на кого му ја отвори душата.
Пејачката била убедена дека ништо не може да се слушне, бидејќи немала бубачка со себе, сепак се што кажала се слушало на бубачката на Марко.
-Зар не настапуваш за Нова година? – праша Марко.
-Не. Немам веќе менаџер, ниту настапи. Немам ништо – промрморе Николиќ, пресметувајќи дека нејзиниот глас нема да се слуша на малите екрани.
Да потсетиме, Ана изјави дека во 2022 година најверојатно ќе ја напушти пејачката работа.
Во 2022 година сакам да станам бизнисмен, а не само да пеам. Не можам повеќе да пеам … ќе пеам, но не можам повеќе да патувам, да живеам на задното седиште во автомобил или во најдобрите хотели во светот. Сакам да спијам во мојот кревет, до моето дете, да сум во мојата куќа. Не мора да значи дека ќе биде во Србија…
Во 2022 година сакам да се преселам во Лондон! Но, најважно во животот е да знаеш од каде си, тоа никогаш не смееш да го заборавиш – истакнала пејачката за домашните медиуми.