Стилот на Ана Винтур е светски познат и има големо влијание врз модата
Ана Винтур е уредничка на „Вог“ која има многу карактеристичен начин на облекување. Таа е жена со стил која со својот пример испраќа порака до жените ширум светот дека елеганцијата е нешто што мора да биде на прво место.
Постојат четири правила кои таа строго ги следи. Овие модни закони секоја жена треба да ги почитува доколку сака да остави добар впечаток.
Ана често сака да нагласува дека парите немаат никаква врска со елеганцијата, па ако сакате да се облекувате како вистинска дама, не треба да трошите огромни суми пари на облека.
- Чизми високи до колена
Таа многу често носи чизми до колена. Тие се вистинскиот избор за есенската сезона и секоја жена треба да ги има. Може да бидат црни или обоени, а можете да експериментирате и со принтот. Се додека имаат висока потпетица, не можете да погрешите. - Бои
Кога станува збор за усогласување на боите, Ана сака да привлекува внимание со шарени принтови. Сепак, таа овде се придржува до едно важно правило, а тоа е дека кога носи шарен фустан, тој мора да биде едноставен во крој. Избегнувајте непотребни детали и оставете фокусот да биде на самиот фустан. - Должина на фустани и здолништа
Што се однесува до должината на фустаните и здолништата, тие секогаш мора да бидат до колена или подолу. Таа верува дека на овој начин ќе остави впечаток на доминантна и предизвикувачка жена. Таа е голем противник на кратките верзии на овие парчиња облека. - Ѓердани
Ана Винтур верува дека ланчињата се она што им дава на жените самодоверба и сигурност. Никогаш не можете да погрешите со добар ѓердан. Таа секогаш истакнуваше дека е подобро да се купи добро парче накит отколку добар пар чевли.