Амбасадата на САД во Русија е запознаена со извештаите за приведувањето на поранешен вработен во американскиот конзулат во Владивосток, но сè уште нема коментар на таа тема, соопшти американското дипломатско претставништво за РИА Новости.

Претходно „Комерсант“ објави дека во Владивосток, со помош на Федералната служба за безбедност, бил приведен поранешниот вработен во американската амбасада во Русија, Роберт Шонов.
– Запознаени сме со овие извештаи, но немаме повеќе информации, соопштија од амбасадата.

Шонов се товари врз основа на член 275.1 од Кривичниот законик на Руската Федерација, кој се однесува на „соработка на доверлива основа со странска држава“, а за тоа дело се заканува казна затвор од три до осум години.

Горенаведениот член утврдува одговорност за руските граѓани кои соработуваат со странски држави или организации „да им помогнат во активности за кои се знае дека се насочени против безбедноста на Руската Федерација“ кога нема елемент на предавство.

By Author