Војната против Соединетите држави е далеку од завршена и ќе продолжи на сите фронтови се додека не бидат протерани од остатокот на „исламскиот свет“.
Тоа го потврдија двајцата водачи на терористичката организација Ал Каеда за Си-Ен-Ен.
Изјавата дојде откако американскиот претседател Џо Бајден објави повлекување на американските трупи од Авганистан.
Останува нејасно зошто Ал Каеда реши да се објави токму по тој повод, преку Си-Ен-Ен, бидејќи досега се рекламираше преку своите пропагандни весници.