Во експлозија во близина на училиште во западниот дел на авганистанскиот главен град Кабул, денеска загинаа најмалку 10 лица, а над 20 се ранети.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аријан го потврди инцидентот и дека има жртви во него, но не даде повеќе детали за точните бројки или за тоа што ја предизвикало експлозијата.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а бомбашкиот напад во Кабул врз минибус со медицински работници уби еден и рани уште тројца во четвртокот.

By Admin