Денес 5-ти Октомври се одбележува Светскиот ден на учителите, а воедно секоја година, првата недела од месец октомври(5-9 Октомври) им се посветува на децата под мотото Детска недела.

Професијата учител е благодарна професоја, која го издигнува човек на еден висок-хуман пиедестал, како личност со високи морални и интелектуални квалитети. Учителот е огледало на воспитно-образовниот процес и модел на позитивно делување над младата популација која треба да ја насочи правилно кон иднината во сите современи сфери и аспекти.

Искрено во време на пандемија како и колку функционира нашиот образовен систем е малку дискутабилно, но затоа уште поголемо признание треба да им се даде на наставниците кои што и при онлајн настава успеале да постигнат авторитет и успеси кои се признати во и надвор од државата.

Благодарност за трудот и посветеноста во воспитувањето и образованието на децата и младите. Нека им е честит празникот на просветителите и на децата. Секое дете нека има среќно детсво.

By Author