Во летниот период најидеални се колачите кои не бараат печење, па затоа ви нудиме уште еден вкусен и брз колач кој не се пече.

Станува збор за торта со јогурт која брзо се подготвува, а како што објасни Наташа, рецептот и се допаѓа затоа што е едноставен и флексибилен.

Овошјето користете го по желба и доколку сакате повеќе овошје слободно додадете.

Што се однесува до шеќерот, за оваа торта со јогурт ја прилагодив количината по вкус и бидејќи користев јагоди, тоа беше доволно. Ако користите повеќе кисело овошје, можете да додадете повеќе шеќер, напиша Наташа, додавајќи дека, откако ќе ја направите би било добро да ја чувате тортата во фрижидер преку ноќ да отстои.

Состојки:

– 1 кг бисквити

– 1 л јогурт

– 50 гр шеќер во прав

– 500 гр исечкани јагоди (овошјето и количината може да бидат по сопствен избор)

-300 мл крем за шлаг

– маргарин или путер за премачкување на тавата

Подготовка:

1. Додадете ги измелените бисквити во поголема чинија.

2. Истурете јогурт убаво

3. Додадете го исеченото овошје

4. Шеќер во прав и измешајте

5. Обложете плех за печење од 27 х 35 см со маргарин или путер

6. Смесата распоредете ја во тава за печење

7. Направете шлаг и намачкајте ја тортата

8. Ставете го колачот во фрижидер, би било добро бисквитот да се омекне целосно преку ноќ.

Добар апетит!

By Admin