Розови плажи, како од бајка. Во Европа ги има само четири, две со специфична боја на песок се наоѓа во Грција, една во Шпанија и една во Италија.

Некој ги сака големите бескрајни бели плажи, некој повеќе преферира камени плажи, трети пак сакаат својот одмор д го поминат на плажи од црн песок.

Но доколку ги прашате најмладите туристи каде сакаат да се капат и сончаат, во повеќето случаеи одговорот би бил ист- на розова плажа.

Тиркизно плаво море, розов песок, лежалка и чадор, коктел во рака, тоа е идеален одмор за секој млад човек.

Сигурно се прашувате како настанал розовиот песок?!

Воглавно има повеќе теории кои даваат објаснување за овој феномен. Според едни овој песок настанува како последица на ситнењето на розовиот корал.

Според други пак, претставува само оптичка илузија, поточно дека песокот ја добива бојата само попладне кога сонцето заоѓа и кога изгрева и дека то е поради сончевата светлина.

Во третата теорија стои дека е заслужен микроскопски организам кој живее во внатрешноста на школките и кој се меша со розовите корали и калциум карбонат.

Индонезија има најмногу розови плажи на Бахамите, додека во Европа има само четири кои можат да се класифицираат како „розов морски рај“.

Плажа Елафониси Сместено е на Крит и со автомобил е оддалечен час и половина од градот Ханија, но оние кои што ја посетија оваа плажа велат дека патувањето вреди да се вложи.

Други вакви плажи има во Шпанија и Будели.

By Admin