Богат си кога никој со своите пари не може да го купи твојот карактер!

Овен
Работа: Денеска внимавајте, бидејќи постои можност од подметнувања разни сплетки и манипулации во рамките на вашата работна средина. Можен е конфликт со некои соработници.

Љубов: Одлично сте расположени, но атмосферата во вашата врска може да ја расипе повременото неповерење на партнерот. Зборувајќи со отворени карти ќе го решите тој проблем.

Здравје: Добро

Бик
Работа: Денеска бидете внимателни, бидејќи е можен конфликт на интереси, па можно е да ја прекинете соработката со некои деловни партнери. Почекајте подобар период за склучување нови договори.

Љубов: Несогласувањата и кавгите со партнерот можат да го одбележат овој ден. Конфликтот на различни ставови за важни егзистенцијални прашања ќе биде доминантна атмосфера на овој ден. Решението е во компромисот.

Здравје: Проблеми со видот.

Близнаци
Работа: Можни се несогласувања со претпоставените и соработниците. Денеска атмосферата на работа ќе биде напната, па подобро е да не навлегувате во некои тешки дискусии. Почекајте подобар момент.

Љубов: Ѕвездите денес не ве сакаат особено, бидејќи можни се несогласувања со партнерот. Можноста за недоразбирање е голема. Подобро е да изберете понеутрални теми за да избегнете кавги.

Здравје: Внимавајте на храната што ја јадете секој ден.

Рак
Работа: Обидете се да избегнете соработка со недоволно познати деловни соработници. Некои промени во начинот на водење бизнис ќе ви помогнат да ги подобрите вашите резултати.

Љубов: Овој период не е поволен за љубовен план, бидејќи во моментов како никој да не го исполнува ниту идеалот кон кој се стремите. Почекајте подобар период за да започнете нова врска.

Здравје: Останете повеќе на свеж воздух.
Лав
Работа: Пазете се од големи превиди во овој период, особено кога станува збор за некаква документација. Што се однесува до новата соработка, во странство ве очекува најпрофитабилниот договор.

Љубов: Задоволни сте од односот со партнерот и планирате понатамошни чекори, како и некои промени кои би можеле да донесат нова динамика во вашата врска.

Здравје: Одморете повеќе.

Девица
Работа: Можни се недоразбирања со деловните соработници. Ако разговарате со претпоставените, обидете се да ги изразите вашите планови и цели што е можно попрецизно.

Љубов: Почетокот на врската со личност која долго време ви се допаѓа може да го одбележи овој период. Следува натамошно зближување.

Здравје: Главоболка.

Вага
Работа: Може да наидете на некои недоразбирања или дури и да добиете критика од претпоставените. Посебно е изразена вашата психолошка чувствителност, па може да се случи да реагирате импулсивно на некои зборови и на тој начин да расипете некои односи со луѓето од работа.

Љубов: Стабилизацијата во врската со партнерот ќе го одбележи овој ден. Ве очекува романтичен излет, па ќе уживате во сите сетила како што само вие знаете.

Здравје: Нервоза.

Шкорпија
Работа: Успешен ден на работа, особено ако се занимавате со образование, трговија и услуги. Внимателно со новите и непроверени соработници.

Љубов: Недовербата на партнерот може да го одбележи овој ден. Можни се дискусии. Најдобро би било да бидете целосно искрени и да ги разјасните сите сомнежи на партнерот.

Здравје: Пијте повеќе вода.

Стрелец
Работа: Денеска може да се соочите со неочекувана препрека. Можеби ви недостигаат пари за да ги реализирате вашите планови.

Љубов: Расправијата со саканата личност може да доминира во атмосферата на овој ден. Иако се започнува со мал коментар, збор до збор, се појавуват тензии. Најдобро би било да разумно да се договорите.

Здравје: Вртоглавица.

Јарец
Работа: Денес може да бидете склони кон превиди. Бидете внимателни кога преговарате и потпишувате документи.

Љубов: Ве очекува возбудлива авантура која ќе ви ги разбуди сите сетила. Сепак, внимавајте да не се разочарате подоцна, бидејќи не ја познавате личноста доволно добро.

Здравје: Проблеми со кожата.

Водолија

Работа: Денеска мора да внимавате ако имате важен разговор на работа, без разлика дали се работи за средба со претпоставени или колеги. Можни се интриги и манипулации.

Љубов: Започнувањето нова врска со личност родена во знакот Лав или Девица ќе ви даде нов ентузијазам. Има еден проблем, сепак, а тоа е што ви се враќа личност од минатото и во исто време се обидува да ја обнови врската со вас.

Здравје: Нервоза.

Риба
Работа: Денеска не ви се препорачува потпишување важни договори и документи, бидејќи можни се големи превиди. Почекајте подобар момент.

Љубов: Недовербата кон партнерот може сериозно да ја наруши стабилноста на вашата врска. Ситуацијата може да се искомплицира, па затоа е подобро да се реши се на време.

Здравје: Недостаток на сон.

By Author