Со недели се шпекулира дека сака да го напушти Баерн. Сагата околу полскиот напаѓач Роберт Левандовски изгледа конечно заврши.
Со недели се шпекулира дека сака да го напушти Баерн, што јавно го призна на крајот од сезоната. Сепак, Баерн одби да го продаде Полјакот, кој има уште една година од договорот.
Левандовски најмногу се поврзува со Барселона, иако интерес за него покажаа и други клубови. Сепак, уште од старт тој беше јасен дека сака кариерата да ја продолжи во Барселона.
Сепак, Баерн не попушти и одби две понуди од каталонскиот клуб, а пред неколку дена полјакот се појави и на подготовките на тимот од Минхен за новата сезона.
Сепак, на сите им беше јасно колку Левандовски сака да замине и се чини дека неговата желба конечно се исполни.
Имено, во раните утрински часови, угледните добро информирани новинари Фабрицио Романо, Жерар Ромеро и Џанлука ди Марсио објавија дека се е готово и дека Левандовски е новиот фудбалер на Барса.