Силен земјотрес беше почувствуван во централна Хрватска во 23.15 часот во текот на ноќта, кој траел неколку секунди.

Хрватската сеизмолошка служба објавија дека епицентарот бил во близина на Маркушевац во Загреб, а земјотресот бил 3,1 степени според Рихтеровата скала.

„Вечерва, 20 април 2021 година, во 23,15 часот, сеизмолозите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа умерен земјотрес со епицентар во Маркушевац (Загреб). Според Рихтер, јачината на земјотресот била 3,1, а интензитетот во епицентарот беше IV (четири) Според претходните информации, земјотресот бил почувствуван во Загреб и неговата околина“, информираа од сеизмолошката служба.

By Admin