Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди областа на Кипар, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Хипоцентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 2 километри.
Сеизмолозите го регистрирале нешто по 3 часот утринава, во близина на градот Лимасол.
Засега нема извештаи за штети или последици по луѓето. Земјотресот ги погоди Турција, Египет и Израел.Во исто време, египетскиот национален истражувачки институт за астрономија и геофизика издаде соопштение дека земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погодил источниот дел на Медитеранот. Како што истакнаа, тој земјотрес е регистриран на 415 километри од провинцијата Дамиета.
Издадено е предупредување за цунами во Кипар.