Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 275 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 38 санкции за возење под дејство на алкохол, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, осум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), осум санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.

By Author