Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 101 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за нерегистрирани возила, три за возач почетник.