На 07.08.2023 во 15.55 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, пред село Табановце, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода Б.Ц.(35) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, меѓу кои тројца малолетници. За настанот бил известен јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Табановце. Б.Ц. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Author