Уште еден циклус, уште една победа, уште две одлична утакмици на нашите одбојкари. Во првиот натпревар влеговме сигурно и остваривме сигурна победа над Данска со вкупен биланс од 14поени. Предводени од Љафтов како лидер во нападот кои освои 23поени од кои 4аса и 3 блока, додека капитенот Ѓоргиев освои 11поени, во овој натпревар тие беа и единствените со двоцифрен број поени.

Во вториот натпревар со израел влеговме несигурно и по малку расеано што и не кошташе со изгубен прв сет во кој ништо не функционираше што се гледа и по тоа дека освоивме само 16поени. Мал допринос до тој резултат имаше и принудната замена на Владо Милев со Стојан Илиев. Во понатамошниот тек од натпреварот најдоа начин да ја подигнат формата по што се функционираше подобро сервисот, приемот, почнавме да напаѓаме со поголема ефикасност. Потоа во вториот сет решаваа работи, блокот на Љафтов над коректорот Давид за крај на вториот сет. Во третиот сет спасивме две сет топки при резултат 24-22 и успеавме да издржиме и покрај исклучувањето на капитенот Никола Ѓорѓиев поради протест и да го добиеме сетот со 29-31. Иако на крајот од четвртиотсет израелците водеа со 2 разлика нашите репрезентативци успеаа да се соберт и да направат серија 4-0 со што дојдовме до 4 победа во 5 натревари. Денес од 16:00часот одиме по 5 победа и заверка на првото место во групата.

Фото:ОФМ

By Author