ОВЕН
Работа: Ќе бидете активни, но и задоволни од работата и финансиите. Ќе размислувате за дополнителен извор на приход.
Љубов: Добра недела за пријателства и романси. Не е недела да започнете нови емотивни врски. Зафатени, на самиот крај на неделата ќе уживате со саканата личност.
Здравје: Внимавајте на исхраната.
БИК
Работа: Нема големи промени на ова поле. Можност за позитивни вести за деловен проект.
Љубов: Не е најдобрата недела за влегување во емотивни врски. Можност за мали несогласувања со вашите важни личности. Зафатени, може да дојде до мало недоразбирање, но ситуацијата набрзо се стабилизира.
Здравје: Работете на имунитетот.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Сите кои се занимаваат со приватен бизнис ќе бидат активни оваа недела. Останатите ќе имаат повеќе слободно време. Обратете внимание на трошењето пари.
Љубов: Имате убава недела. Добра за комуникација и убави контакти. Ќе ве контактира личност од минатото. Зафатени, почетокот на неделата може да донесе помала блокада во врската. Во средината и крајот на неделата ќе уживате во убави емотивни настани.
Здравје: Одморете повеќе.
РАК
Работа: Убава и динамична недела. Само вие, како и многумина, внимавајте на што ги трошите парите. Сигурно во текот на неделата ќе бидете активни и задоволни од вашите перформанси.
Љубов: Доколку сте во сериозна врска или брак, може да дојде до мали недоразбирања. Слободните имаат можност за интересни познанства.
Здравје: Можност за стомачен вирус.
ЛАВ
Работа: Ќе бидете задоволни од работата, можно е само привремено незадоволство кога се во прашање финансиите. Крајот на неделата носи убав период на ова поле.
Љубов: Убави настани, иако во првите два дена од неделата, обидете се да останете смирени и избегнете конфликти. На крајот на неделата ќе заблескате и ќе уживате во љубовта. Можноста за враќање на личност од минатото за некои.
Здравје: Бидете умерени во се. Повеќе физичка активност.
ДЕВИЦА
Работа: Одлична недела за какви било активности. Реализација и задоволство во однос на бизнис плановите. Избегнувајте ситни конфликти со соработниците.
Љубов: Не е периодот за активирање на ова поле, што не значи дека нема да бидете исполнети. Можност за влегување во тајни врски, но и желба да се биде сам. Обратете повеќе внимание на партнерот.
Здравје: Работете на квалитетот на вашиот сон.
ВАГА
Работа: Не е најдобриот период за започнување нови бизниси. Без промени на ова поле, освен оние кои се во партнерски бизнис, можете да имате просперитет.
Љубов: Пријателства и исполнување на некои желби поврзани со луѓе од вашето минато. А можеби од некое пријателство се раѓаат емоции.
Здравје: Можни проблеми со крвниот притисок.
ШКОРПИЈА
Работа: Можност за промена на подобро и на крајот на неделата следува поголем прилив на пари.
Љубов: Убави познанства, но и можност за некаква симпатија или флерт од личност тесно поврзана со вашата кариера или работна средина. Зафатени, можно планирање на заеднички живот. Лошите односи може да бидат на испит.
Здравје: Можни проблеми со коскениот систем.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Добра недела за планирање и организирање на работата. Можност за помала нервоза и незадоволство кога станува збор за ова поле. Наскоро вашите идеи и имагинации ќе се остварат и нема да бидете без задоволство. Финансиите се добри.
Љубов: Ќе бидете задоволни на љубовно поле. Многу дружења и убави настани, интересни контакти со личност која е на пат или надвор од вашата земја. Убави моменти со саканата личност.
Здравје: Можни проблеми со очниот притисок.
ЈАРЕЦ
Работа: Секој кој се занимава со правни работи или соработува со странски држави може да очекува просперитет. Сигурно можете да здивнете. Подобра финансиска состојба доколку имало проблеми.
Љубов: Можност за влегување во авантури или тајни врски. Повеќе разбирање и трпение со саканата личност.
Здравје: Можни проблеми со синусите.
ВОДОЛИЈА
Работа: Не е време за промени и важни настани. Мала претпазливост при трошење пари. Избегнувајте основни инвестиции.
Љубов: Ве очекуваат интересни моменти од средината на неделата. Зафатени, убави моменти со саканата личност. Можност за враќање на личност од минатото.
Здравје: Проблеми со вирусни инфекции и кардиоваскуларниот систем.
РИБИ
Работа: Можност за зголемен обем на работа како и помало незадоволство, но финансиите ќе бидат добри. Избегнувајте конфликти со луѓе од работната средина.
Љубов: Можност преку работа да запознаете интересна личност. Зафатени, бидете повнимателни кога комуницирате со саканата личност.
Здравје: Одморете повеќе. Можен пад на енергијата.