Топол август и зовриени страсти. Оние кои се повеќе склони кон флерт треба да бидат внимателни. Како што се зголемува температурата, отпорот кон заводниците станува сè послаб. Ова е нивно време!
ОВЕН
Работа: По краток одмор, се враќате во полна форма за работа. За да започнете сопствен бизнис, треба да почекате да се исполнат сите услови и да се постигне финансиска стабилност.
Љубов: Добро ви оди во љубовта, дури и подобро отколку што се надевавте. Не можете да ја извадите таа личност од глава.
Здравје: Добро се чувствувате оваа недела.
БИК
Работа: Уморни сте да ги подучувате помладите колеги. Се чувствувате како другите да немаат почит кон вас. Обидете се да ја искористите секоја шанса што ви се појавува во деловниот план.
Љубов: Доколку сте во стабилна врска, можеби е време да размислите да ја официјализирате.
Здравје: Се чувствувате уморно.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Не се откажувате од вашата цел, бидејќи иако се чини дека ништо не ви оди како што треба, ѕвездите се всушност на ваша страна.
Љубов: Сонувате за романтично патување, но почекајте го вистинскиот датум за тоа. Љубовта цвета оваа недела.
Здравје: Вежбајте повеќе.
РАК
Работа: Ако сакате да имате добра енергија на работа, прво мора да започнете од себе. Понудете насмевка на колегата и тој ќе ви возврати со насмевка.
Љубов: Вашата врска тоне во монотонија, гледајте да направите нешто за двете страни да почувствуваат задоволство во врската.
Здравје: Повеќе пешачете.
ЛАВ
Работа: Време е за нови деловни потфати, а вие ја добивте потребната енергија на сонцето, што му недостигаше на вашиот знак. Сега само напред.
Љубов: Уживате во врската со партнерот. Не можете да верувате што ви се случува во моментов на љубовно поле.
Здравје: Се чувствувате добро.
ДЕВИЦА
Работа: Барате работа која најмногу би ви одговарала, но се чини дека сте премногу неодлучни. Не паѓа сè од небо, затоа размислете добро.
Љубов: Оваа недела добро ви оди во љубовта. Сега го имате она што го баравте долго време. Продолжете така, бидејќи знаете што правите.
Здравје: Намалете ги оброците.
ВАГА
Работа: Вие сте бавни, а тоа воопшто не е добро за работата што ја работите. Сите ве чекаат, а ви недостасува мотивација и инспирација. Мора да ги промените лошите навики.
Љубов: Во вашиот живот доаѓа личност која ви го расипува љубовниот план. Внимавајте, кој си игра со оган ќе се изгори.
Здравје: Се чувствувате добро.
ШКОРПИЈА
Работа: Уште една работна недела која воопшто не ви е тешка. Имате разработен систем за што полесно да го поминете периодот од понеделник до петок. Продолжете така.
Љубов: Во љубовта оваа недела не ви оди толку добро како во бизнисот. Потребен ви е простор да размислите што правите погрешно.
Здравје: Поминувајте повеќе време на свеж воздух.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Својата негативна енергија ја пренесувате на работа, што дополнително ја влошува ситуацијата. Што и да се случува, спуштете ја топката.
Љубов: Конечно, голема промена во вашиот љубовен план.
Здравје: Добро.
ЈАРЕЦ
Работа: Финансиската состојба е малку полоша, но нема да дозволите тој период да се продолжи, бидејќи знаете како да го подобрите.
Љубов: Партнерот е вашата поддршка, дури и во овие моменти кои не се ни малку романтични.
Здравствје: Несоница.
ВОДОЛИЈА
Работа: Изгледа како да ви е малку одмор, па решивте да продолжите уште малку за да ја соберете потребната енергија.
Љубов: На љубовен план ве очекуваат нови настани, веќе на почетокот на неделата.
Здравје: Се чувствувате добро.
РИБА
Работа: Повторно го правите она што го сакате и тоа ве исполнува. Иако се плашевте да преземете дополнителна одговорност, оваа работа е соодветна за вас.
Љубов: Партнерот ве разбира и знае како да ве израдува кога сте нерасположени, па така ќе биде и оваа недела.
Здравје: Се чувствувате добро.