Колумбијсќите безбедносни сили го фатиле најбараниот трговец со дрога и водач на најголемата криминална група во јужно американската земја.

Дарио Антонијо Усуга, попознат како Отонијел, уапсен е во саботата во акција во која учествувале војската, воздушните сили и полицијата.

Колумбијската влада имала понудено награда од 800 000 долари за информација за тоа каде се наоѓа. Додека Соединетите држави нуделе пет милиони долари за информација која би довела до негово апсење.

Председателот на Колумбија по повод апсењето на Отонијело имал телевизиско обраќање и кажал дека ова е најголем удар на трговијата со дрога во нивната земја и ова го споредил со паѓањето на Пабло Ескобар во деведесетите. Деталите од операцијата сеуште не се познати но претседателот кажал дека еден полицаец е убиен.

Последниве години неколку пати се организирани акции за апсење на 50- годишниот нарко бос но безуспешно.
Отонијели е дојден на чело на кланот пред скоро дест години, после убиството на неговиот брат, кој до тогаш бил шеф на кланот познат под името Усуга, од страна на полицијата. Кланот кој делува во многу провинции има и многу јаќи меѓународни врски, се бави со криумчарење на наркотоци и луѓе, илегална експлотиација на злато и изнудување.

Се верува дека има околу
1 800 наоружани припадници кој се воглавно регрутирани од крајно десничарските паравоени групи. Тие ѓи контролираат многу од патиштата по кој се кроумчари дрога од Колумбија во САД па се да Русија.

Отонијели сега се соочува со многу оптужби, како што е трговијата со кокаин во САД, убивање на полицајци и регрутирање на деца за криминални работи. Тој во 2009год. е оптужен во Америка и се соочува со постапката на испорака па така може да биде виден и во судница во Њујорк.

By Author