На 14.12.2021 (вторник) со почеток во 12 часот на плоштад Македонија во Скопје, СВР Скопје-Одделение за превенција и Црвениот крст на град Скопје организират показна вежба во склоп на кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства, а во која ќе се презентираат ризиците од употреба на пиротехнички средства, со што сакаме да влијаеме на свеста на граѓаните да не ги употребуваат овие средства.
На настанот ќе учествуват и претставници од средното музичко училиште ,,Илија Николовски Луј”, како и учениците од Средното училиште за ликовна уметност ,,Лазар Личеновски” со ликовни творби на тема: Петардите не се играчки, стоп на употребата на пиротехнички средства. Ги покануваме заинтересираните медиуми да го проследат настанот-соопштија од МВР