На 30.05.2021, СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 43 мерки, меѓу кои 25 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 11 за управување возило без возачка дозвола, 4 за непрописно престигнување и 3 за некористење сигурносен појас.
Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден (30.05.2021 година) во периодот од 14.00 до 20.00 часот спроведе засилени контроли во областа на сообракајот. Притоа, биле констатирани 48 прекршоци кои биле соодветно санкционирани.
На 30.05.2021 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола на возачите кои вршат направилно и непрописно престигнување. Притоа, биле констатирани 27 прекршоци (ТЕ-16 и ГВ-11) кои биле соодветно санкционирани. Исто така, санкционирани биле и шест останати прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-1).
На 30.05.2021 година во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за непрописно престигнување. Притоа, биле констатирани 17 прекршоци кои биле соодветно санкционирани. Исто така, биле откриени и осум други прекршоци за кои се поднесени соодветни поднесоци.
На 30.05.2021 во 21.20 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ш.(46) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена воздушна пушка. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 30.05.2021 во 22.28 часoт на регионалниот пат Берово –Делчево, во с.Тработивиште, патничко моторно возило „опел корса“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(19) од с.Разловци, делчевско, излетало од патот. Во незгодата со тешки телeсни повреди се здобиле возачот А.Д. и сопатникот А.Ѓ.(21) од Делчево, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициско одделение Делчево.
На 30.05.2021 околу 22.10 часот на регионален пат с.Белотино – с.Попчево, струмичко, патничко моторно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(43) од Струмица, излетало надвор од колвозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Ѓ., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.
На 30.05.2021 околу 18.30 часот во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека во двор на угостителски објект во с.Борисово, струмичко, две малолетнички се здобиле со повреди откако врз нив паднала лулашка. Тие биле пренесени Општа болница Струмица каде им била укажана лекарска помош. Известен е Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.
Во текот на вчерашниот ден (30.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 116 возачи. Од нив, 27 на територијата на СВР Тетово, а 25 непрописно престигнувале на територијата на СВР Куманово.
СВР Битола, СВР Охрид, СВР Штип, СВР Тетово и СВР Велес поднесе кривични пријави против А.Р.(34) од Дебар, И.Х.(48) од Струмица, И.Х. (20) од Неготино, В.С. (69) и Т.Ј. (38) од Тетово, З.В. (61), З.П. (48), П.Д. (42), А.Ф. (25), С.С. (67), М.Ј. (48), Ј.П. (37) од Скопје, Д.Р. (40) од Гостивар, И.С. (50) од Делчево, М.М. (50) од с. Лабуништа, С.М. (47) од Битола, А.Т. (43) и Д.Т. (41) од Битола и М.А.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 10.04 до 16.05.2021, без дозвола за движење се движеле за време на ограничувањата дадени од страна на Влада на Република Северна Македонија за забрана за движење на возила и лица.
СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.Ќ.(52) од Скопје заради сторено кривично дело ,,повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма” предвидено и казниво по чл.285 од КЗ Имено пријавениот И.Ќ. во почетокот на 2021 година со намера да ги препродава набавил поголема количина производи, различни заштитени трговски марки, без притоа да има склучено договор со компаниите сопственици на брендовите или со нивни овластени застапници/ претставници на територијата на Република Северна Македонија.
На 29.05.2021 околу 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на пекара на подрачје на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.С.(21) од Куманово и С.Џ.В.(29). Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
На 30.05.2021 во 21.00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Скупи“ бил каснат од куче скитник.
На 29.05.2021 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред пошта на подрачје на Кисела Вода, поради меѓусебно недоразбирање, Д.А.(20) физички го нападнал Н.М.(23). Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
На 30.05.2021 околу 21.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на Полициската станица Чаир, поради нерасчистени соседски односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ш.(40) и А.Б.(39) од една страна и А.П.(49) од друга страна, сите од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
На 30.05.2021 во 11.45 часот во с.Љубодраг, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово од слобода го лишиле О.Ц.(46) од с.Љубодраг затоа што со метален предмет нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.05.2021 во 01.53 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош се пријавил З.Е.(30) од Скопје. Според неговиот исказ, додека претходно се движел пеш по ул.„Христофер Жефаровиќ“, бил нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.