Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.020 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи со КОВИД-19, 259 оздравени пациенти и 4 починати лица соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени четири починати лица од: Скопје (1), Тетово (1), Охрид (1) и Струмица (1), на возраст од 64 години до 83 години. Пријавените лица се починати во период од 02.03.2022 до 21.03.2022 гоидна. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (4), кај 3 починати лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.978.825 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 307.507, бројот на оздравени пациенти е 296.833, на починати е 9.240, а на активни случаи изнесува 1.434.