Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.225 тестови, а регистрирани се 262 нови случаи на КОВИД-19, и едно починато лице.
Од вкупниот број на позитивни (262), регистрирани се 39 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (87г), во болнички услови. Кај починатото лице (1) е регистриран коморбидитет.
Досега во земјата се направени вкупно 1.962.489 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.979, бројот на оздравени пациенти е 294.988, на починати е 9.221, а бројот на активни случаи изнесува 1.770.