Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.024 тестови, а регистриран е 41 нов случај на КОВИД-19, 457 оздравени пациенти и три починати лица.

Од вкупниот број на позитивни (41), регистрирани се 10 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Кичево (89г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од: Скопје (66г) и Кавадарци (55г). Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, и едно лице во болнички услови. Пријавените лица се починати на 15.03.2022 год.

Од вкупниот број на починати лица (3), кај две лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.970.059 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.711 а бројот на активни случаи изнесува 1.566.

By Author