Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, 14 санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за непрописно престигнување…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.