Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се 16 мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за возење под дејство на алкохол, шест за некористење сигурносен појас…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.