„Моментот кога ќе почуствувашдека некому треба да му докажувашколку вредиш е момент во кој треба да се свртиш и да си заминеш“-Пауло Коељо.

ОВЕН
Работа: Денешниот работен ден може да биде нарушен поради ненадејно скратување на роковите или промени во деловните договори. Ќе биде потребно повеќе да се ангажирате за да постигнете се на време.

Љубов: Намалете ги непотребните тензии и провокации и веднаш ќе се чувствувате многу подобро.

Здравје: Многу добро.

БИК
Работа:
Доколку дел од обврските и документи ви се заостанати, обидете се да ги завршите навреме и коректно.

Љубов: Можна појава на стара љубов или личност од вашето романтично минато. Треба да заврши со убав разговор.

Здравје: Хронични заболувања.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Вклучете се што повеќе во деловни зделки и контакти. Во исто време нема да имате резултати, но значително ќе го забрзате текот на работите.

Љубов: Слободните членови на ова соѕвездие ќе имаат повеќе можности да флертуваат и да уживаат во нови познанства. Опуштете се, насмевнете се и ширете позитивна енергија.

Здравје: Многу добро.

РАК
Работа:
Внимавајте да не направите сериозна грешка во брзината, што може да доведе до критики од претпоставените.

Љубов: Би можеле да ја изненадите вашата сакана со убав знак на внимание, подарок. Денот е поволен за секакви љубовни ангажмани.

Здравје: Многу добро.

ЛАВ
Работа:
Лавовите и денеска ги очекува зголемен ангажман. Бидете максимално фокусирани и обидете се да избегнете можни одложувања.

Љубов: Доколку сте сингл, оставете убави работи да ви се случат и уживајте максимално.

Здравје: Бидете умерени во се.

ДЕВИЦА
Работа:
Обратете доволно внимание на сите детали кога станува збор за нови деловни зделки или договори за да избегнете лоша проценка.

Љубов: Саканата личност денес има големи очекувања од вас. Бидете посветени и внимателни и реално е дека се ќе ви се врати повеќекратно.

Здравје: Одморете се доволно.

ВАГА
Работа:
Претстои солиден ден за Вагите да се справат со сите можни препреки без поголеми потешкотии. Не двоумете се да побарате помош.

Љубов: Можно е ново интересно познанство доколку излезете некаде со пријателите и бидете во поголемо друштво.

Здравје: Можни алергиски реакции.

ШКОРПИЈА
Работа
: Немојте да се демотивирате ако треба да повторите некои работи неколку пати. Важно е да не оставите ништо недовршено.

Љубов: Најмногу би можеле да бидете преокупирани со деловни активности и планови, но сепак потрудете се малку да здивнете и да се опуштите.

Здравје: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Иако некои работи не зависат директно од вас, бидете упорни во своите намери.

Љубов: Посветете се повеќе на љубовната сфера, бидејќи можно е вашата сакана личност да се чувствува малку запоставено. Малку труд дефинитивно се исплати.

Здравје: Пазете се од настинки.

ЈАРЕЦ
Работа:
Јарците имаат многу добри предиспозиции да започнат некои важни деловни преговори со многу влијателни луѓе денес.

Љубов: Многу добро расположение треба да ве придружува во текот на целиот ден. Обидете се да пренесете дел од тоа и во партнерските односи.

Здравје: Многу добро.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Водолиите би можеле да бидат особено психички оптоварени и под притисок, или поради обврските кои се наталожиле, или поради најавата за нови деловни договори.

Љубов: Денеска не бранувајте премногу, би можеле да предизвикате ситна расправија со саканата личност.

Здравје: Можни проблеми во ‘рбетот.

РИБА
Работа:
Денешниот работен ден може да биде нарушен поради ненадејно скратување на роковите или промени во деловните договори. Ќе биде потребно повеќе да се ангажирате за да постигнете се на време.

Љубов: Слободните членови на ова соѕвездие ќе имаат повеќе можности да флертуваат и да уживаат во нови познанства. Опуштете се, насмевнете се и ширете позитивна енергија.

Здравје: Многу добро.

By Author